23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Мемеди најави напуштање на сите функции ако го разрешат неговиот министер

Најчитани вести

СДСМ да го повлече предлогот за разрешување, а ДУИ да не гласа за разрешување на нашиот министер, Сухејл Фазлиу, порача пратеникот од Национална демократска преродба (НДП), Весел Мемеди.

Според него, со министерството за локална самоуправа секогаш на чело стоел Албанец и обвини дека одредени структури сакале да го оцрнат министерот Фазлиу.

„На чело на ова оро, на оваа игра во која ни го земаа министрството за локална самоуправа, стоеше Кирил Парталов, државен секретар во министерството. Оваа игра ја заврши премиерот, ми се јави за да се пазариме за отстапување на министерството. Со еден куршум сакаат две цели, едната политички против Сухејл Фазлиу кој стана трн во очите на подземјето и втората цел е тивок договор да се земе министерство кое секогаш го воделе Албанците“, рече Мемеди.

Ако постои таен договор СДСМ да предложи, ДУИ да гласа, тогаш ние не сакаме да бидеме дел од тој договор, позициите за нас не се важни туку симболиката што ја браниме, дополни Мемеди.

„За да ја докажеже оваа висока вредност денес ќе поднесме неоповикливи оставки од сите директорски места, управни одбори и повлекување од функцијата потпретседател на Собрание како и предавање на пратеничкипт мандат“, рече тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести