21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Мексико легализира марихуана за лична употреба

Најчитани вести

Долниот дом на мексиканскиот Парламент одобри нацрт-законот за регулирање на потрошувачката, одгледувањето и трговијата со марихуана за лична употреба низ целата земја, кој Сенатот ќе треба да го ратификува пред 30 април.

Со 316 гласа „за“, 129 „против“ и 23 воздржани, долниот дом го одобри Федералниот закон за регулирање на канабисот и реформите на Законот за општо здравје и Кривичниот законик.

Ова законодавство е предмет во рамките на мандатот на Врховниот суд, кој во 2018 година ја прогласи за неуставна забраната за употреба на канабис за забава и го одреди 30 април како максимален рок за негово регулирање.

Иако Сенатот веќе ја одобри иницијативата во ноември минатата година, сега мора да ги ратификува амандманите на Претставничкиот дом пред претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор да го објави законот.

Кога законот ќе стапи во сила, Мексико ќе стане трета земја во Америка што легализира лична употреба на марихуана на национално ниво, заедно со Канада и Уругвај.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести