14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Мексико и САД во финалето на Голд купот

Најчитани вести

Фудбалските репрезентации на Мексико и САД ќе се борат за титулата на Голд купот. Ова ќе биде реприза од финалниот меч во 2019 година, кога Мексиканците славеа со 1:0. Низ историјата Мексико и САД шест пати имале меѓусебни дуели за титулата на Голд купот, САД победиле само еднаш, во 2007 година.

САД, со 1:0, славеа над Катар. Голот за победа го постигна Николас Зардес во 86. минута, откако претходно Катарците не реализираа пенал. Катар на покана на организаторот настапува на Голд купот.

Мексико во драматичен меч, со голот на Ектор Ерера, во деветтата минута од надополнувањето на времето, ја победи Канада со 2:1.

Мексиканците имаа предност со голот на Орбелин Пињеда, постигнат на истекот на првото полувреме, а Канаѓаните израмнија преку Таџон Бушанана во 57. минута. Мексико во 66. минута не реализираа пенал, преку Карлос Салседо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com