18 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Мекедонка е најубава девојка на Медитеранот

Најчитани вести

Минатава недела девојки од Модното студио Црнокрак учествуваа на два интернационални избори за убавина. Едниот се одржа во Анталија, Турција – Кралица на Евроазија (Queen of Eurasia 2019), а другиот во Лонган, Кина – Мис Глоуб Туризам (Miss Tourism of the Globe 2019).

На двата избори девојките од Македонија успеаја да освојат титули. Во Турција 21годишната кумановка Ангела Спасовска ја освоји титулата Кралица на Медитеранот(Queen of Mediterranean), како најубава од девојките од медитеранските држави, а во Кина младата 16годишна Бисера Цуцулова од Скопје ја освои титулата Мис Потенцијал (Miss Potеntial), како најдобра во конкуренција на учесничките до 18 години.

Победничка на изборот во Турција, на кој учествуваа 40 девојки од Евроазија беше претставничката на Русија, а во Кина во конкуренција на 60 девојки од исто толку држави од целиот свет победи убавицата од Франција.

Девојките од Модното студио Црнокрак, кое ги има лиценците за овие избори, се претставија во Кина и во Турција во креации на нашите модни дизајнерки Љумние Љоки и Соња Методиевска.

Текстот Мекедонка е најубава девојка на Медитеранот е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести