4 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Мекгрегор: Не требаше да го удрам човекот во пабот

Најчитани вести

УФЦ ѕвездата, Конор Мекгрегор вели дека тоа што удри човек во паб во Даблин во април е погрешно.

На почетокот на месецот излезе видео од настан кој се случил во април, Конор Мекгрегор удри човек во паб кој не сакаше да се напие од неговото виски.

Сега славниот борец вели дека погрешил што реагирал на таков непримерен начин.

„Морам да ja превземам одговорноста. Тоа што се случи е погрешно. Тој човек заслужи да ужива во пабот без таков крај каков што се случи“, вели Мекгрегор.

„Си поставив цели да бидам подобар, подобар татко, подобар човек, подобар пример за овие деца“.

„Треба да сфатам дека тоа не е однесување на лидер, на шампион. Морам да ја исчистам главата и да се вратам во рингот, да се борам за искупување, одмазда, почит – работите кои ме направија да бидам човек каков што сум“.

„Тоа што го направив е тотално погрешно. Неприфатливо однесување“.

Полицијата во Ирска спроведува истрага за инцидентот.

„Што и да се случи ќе го прифатам. Што и да одлучат, заслужив. Ќе прифатам, нема да се кријам“.

Запрашан дали има проблеми со лутината, Конор одговори: „Морам да бидам смирен. Мора да бидам зен. Мора да се водам од пример. Работам на тоа. Ги превземам неопходните чекори“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести