13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Медицински тим заминува за Норвешка, а од таму за Авганистан

Најчитани вести

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретнаа со шестчлениот хируршки тим од јавното и военото здравство кој ќе биде распореден во рамките на норвешката болница во Кабул, Авганистан, од март до септември годинава.

-Медицински тим од јавното и военото здравство заминува на обука во Норвешка, а потоа и за Авганистан каде заедно со норвешките колеги ќе бидат дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка“. Овој проект е важен за целата држава бидејќи членството во НАТО значи и развивање на медицински тимови за брза интервенција. Од учеството на нашиот медицински тим во мисијата ќе има бенефит целокупниот систем на јавното здравство, бидејќи знаењето ќе го применуваат, но и ќе го пренесат на специјализантите и студентите. Денеска, со министерката
Радмила Шекеринска им посакавме многу успех, тие ја имаат нашата поддршка. Среќно! , напиша Филипче на Фејсбук.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести