10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Медицинскиот персонал изложен на насилство

Најчитани вести

Персоналот во виенските болници е изложен на насилство, покажува студијата на синдикатот на медицинскиот персонал.

Откако беше избоден кардиолог во болницата „Кајзер Франц Јозеф шпитал“, беше издадена наредба да се изработи студија за да се утврди колку медицинскиот персонал е изложен на насилство, при што се дошло до податок дека секој ден се пријавувало насилство врз медицинскиот персонал во Виена.

Дури 85,4 проценти изјавиле дека веќе доживеале агресија, а 61,6% рекле дека биле нападнати во последните 12 месеци.

Авторката на студијата Сабине Хан вели дека кога станува збор за напади, тоа се вербални напади, сексуални напади, закани и физички напади.

Најголем број напади врз медицинскиот персонал се забележани во амбулантата за итни случаи и на психијатрија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com