9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Медиумска посета на Шар Планина

Најчитани вести

По повод 5 јуни Светскиот ден на животната средина, чие мото за 2021 година е „Обнова на екосистемите”, како и во очекување Собранието да гласа и да одлучи дали Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Канцеларијата на ОН и Европската програма за животна средина денеска и утре ќе спроведе теренска медиумска посета на идното заштитено подрачје.

Шар Планина e ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од растителните видови во Северна Македонија, а доколку гласањето биде успешно, овој регион ќе го добие и едно од најголемите прекугранични заштитени подрачја во Европа.

Од МЖСПП потсетуваат дека одржувањето и подобрувањето на живеалиштата, вклучително и заштитените подрачја, можат да ја подобрат виталноста на природата која го одржува животот на Земјата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com