17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Медиуми: Доналд и Меланија Трамп се вакцинирале во јануари

Најчитани вести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија биле вакцинирани против коронавирус во јануари, додека сè уште биле во Белата куќа, дознаваат локалните медиуми од сигурни извори.

За разлика од Џо Бајден, кој се вакцинираше на 21 декември, што беше пренесувано во живо на телевизија, неколку недели пред да дојде на власт, Трамп никогаш јавно не кажа дека е вакциниран.

– Претседателот Трамп и првата дама беа вакцинирани во Белата куќа во јануари, изјавил за локалните медиуми извор близок на поранешниот претседател, без да наведе други детали.

Доналд Трамп, во неделата во својот прв говор по напуштањето на Белата куќа, изјави дека „сите треба да се вакцинираат“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести