Home » Медитеранската исхрана го подмладува мозокот

Медитеранската исхрана го подмладува мозокот

by Журнал.мк

Медитеранскиот начин на исхрана кој вклучува многу свеж зеленчук, овошје, риба, цели зрна и маслиново масло прави чуда за биолошката возраст на нашиот мозок, објави меѓународен тим истражувачи од Израел, Германија и САД.

Скенирањето на мозокот направено по 18 месеци следење на медитеранската исхрана покажа дека возраста на мозокот на учесниците во истражувањето е девет месеци помала од очекуваното, во споредба со процените за хронолошката старост на нивниот мозок.

Во истражувањето учествувале 102 учесници и изгубиле во просек 2,3 килограми. За секој изгубен процент од телесната тежина, мозокот на учесниците бил девет месеци помлад од нивната хронолошка возраст, откриле истражувачите.

Знаците на забавено стареење на мозокот се исто така поврзани со пониски нивоа на маснотии во црниот дроб и подобрен липиден профил.

Иако сè поголем број истражувања сугерираат дека биолошкото стареење предизвикано од стресни настани може да биде реверзибилно, оваа нова студија покажува дека јадењето поздраво може да биде еден од наједноставните начини за подобрување на физичката состојба, без оглед на возраста.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More