7.8 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

„Медена земја“ од петок со кинодистрибуција низ Македонија

Најчитани вести

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) од петок почнува со кинодистрибуција во повеќе градови низ Македонија. Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, освен во Скопје, ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид.

В петок во 20 часот ќе се прикажува во Домот на културата во Кратово и во Домот на млади во Штип. Истиот ден со почеток во 19 часот ќе може да се погледне во НУ Центар за култура – Крива Паланка. На 2 октомври е закажана проекцијата во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со почеток во 19 часот.

На 3 октомври во 20 часот, филмот ќе се емитува во „3D Кино“ во Битола и во МКЦ „КОЗЈАК“ Куманово. Следниот ден (4 октомври) во 19.30 часот документарецот ќе игра во Домот на културата во Свети Николе, а во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

Наскоро ќе бидат објавени и термини за кинопроекции и во другите градови.

Покрај веќе редовните проекции во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“, документарецот од 21 септември е на репертоарот и на скопското кино „Милениум“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com