Home » Медведев се заканува со нуклеарна апокалипса

Медведев се заканува со нуклеарна апокалипса

by Журнал.мк

Во авторски текст напишан за рускиот весник „Известија“, Медведев користи апокалиптична реторика за да го одврати НАТО и неговите сојузници да и помогнат на Украина со испраќање на оружјето што му е потребно на Киев за да се одбрани од руска инвазија.

Медведев, инаку заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, битката во Украина ја опиша како егзистенцијална битка за опстанок на Русија и рускиот народ.

„Се разбира, испраќањето оружје може да продолжи и со тоа да се спречи секаква можност за заживување на преговорите“, напиша Медведев.

„Токму тоа го прават нашите непријатели. Тие не сакаат да сфатат дека нивните цели сигурно ќе доведат до целосно фијаско. Колапс, Апокалипса во која можете да заборавите на своите поранешни животи, се додека урнатините не престанат да емитираат радијација“, се закани Медведев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk