Home » Медведев: Америка и НАТО ѝ објавија војна на Русија

Медведев: Америка и НАТО ѝ објавија војна на Русија

by Журнал.мк

Високи руски функционери денеска продолжија да ги обвинуваат САД и Западот за одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го суспендира договорот за контрола на нуклеарното оружје Нов СТАРТ.

Поранешниот руски претседател и близок соработник на Путин, Дмитриј Медведев, кој во моментов е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, вели дека потегот бил задоцнет бидејќи, како што тврди, САД и НАТО практично ѝ објавиле војна на Русија.

„Ние бевме принудени да ја донесеме оваа одлука поради војната што Америка и другите членки на НАТО ѝ ја објавија на нашата земја. Оваа одлука ќе има огромно влијание во светот, особено во САД“, објави Медведев на својот канал на Телеграм.

И шефот на руската Дума, долниот дом на парламентот, исто така ги обвини САД за суспензијата на договорот од страна на Русија. „Америка одбива да дејствува во согласност со своите обврски, а исто така ги отфрли предлозите на нашата земја за глобалните безбедносни прашања. Така, ја уништи архитектурата на меѓународната стабилност“, рече шефот на Думата, Вјачеслав Володин.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk