Home » Медат Куртовски официјално градоначалник на Маврово и Ростуше, ОИК му врачи уверение

Медат Куртовски официјално градоначалник на Маврово и Ростуше, ОИК му врачи уверение

by Журнал.мк

По објавувањето на Заклучокот на Државната изборна комисија за известување за конечност на резултати од гласањето за Избор за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, кандидатот Медат Куртовски и официјално стана нов градоначалник. На пригодна свеченост во седиштето на општината, нему му беше врачено уверението за избран градоначалник.

Претседателката на Општинската изборна комисија, Ивана Ѓорѓиовска заедно со членовите на ОИК, остварија средба со Медат Куртовски, кандидатот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина” предводена од СДСМ, на која тој им се заблагодари на ангажманот во изборниот процес.

– Сакам најсрдечно да им заблагодарам на претседателката и членовите на Општинската изборна комисија за успешно реализираниот изборен процес. Во оваа прилика се заблагодарувам и на вработените во општината за топлиот пречек. Продолжуваме понатаму заедно за доброто на нашата општина, рече Куртовски.

Медат Куртовски раководеше со Општина Маврово и Ростуше еден мандат и се кандидираше во два наврати, но еднаш заради немање цензус и непријавување на против кандидат изборите се повторија. На последните избори тој освои 3.266 гласови, односно 60.53 отсто од излезените гласачи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk