Home » Мегваер се сели во Лондон

Мегваер се сели во Лондон

by Lina Muslija

Хари Мегваер ќе го напушти Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Менаџерот Ерик Тен Хаг нема доверба во некогаш најскапиот светски дефанзивец. За мегваер нема место во составот и покрај тоа што двајцата стартери, Рафаел Варан и Лисандро Мартинез, поради повреди ја завршија сезоната.

Манчестер јунајтед, во бунар фрлија 80 милиони евра колку што изнесуваше неговиот трансфер од Лестер, во 2019 година. Дефанзивецот, во ниту еден момент не успеа да се наметне и покрај тоа што поранешниот менаџер, Оле Гунар Солскјер му ја даде капитенската лента.

Изминатите две сезони, поради честите грешки, Мегваер им служи за потсмев на фудбалските фанови. Тен Хаг неа доверба во него, па поради повредите на Варан и Мартинез, во централниот дел од одбраната покрај Виктор Линделоф игра левиот бек, Лук Шо.

„Фудбал трансферс“, тврди дека Мегваер кариерата ќе ја продолжи во Лондон. Интерес за него покажале Вест Хем и Тотенхем. Според овој извор, Јунајтед ќе прифатат околу 45 милиони евра само за да се ослобидат од Мегваер.

Вест Хем покажале серизен интерес, но прашање е дали Мегваер ќе се најде во плановите на новиот менаџер, бидејќи е извесно дека Дејвид Мојс нема да ги предводи „чеканите“, наредната сезона.

Преселбата во Тотенхем ќе зависи од тоа дали Брендан Роџерс ќе седне на клупата на клубот од северен Лондон.

„Фудбал Трансферс“, претходно објави дека Спарс сакаат да ги привлечат играчите на Лестер, Џејмс Медисон и Јури Тилеманс во главниот град доколку нивниот поранешен тренер биде промовиран во нов тренер на Тотенхем.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk