31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Мегваер лут на судиите по вчерашниот натпревар со ВБА, упати и коментар поврзан со Клоп

Најчитани вести

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер по вчерашниот натпревар против ВБА и неочекуваното реми за неговиот клуб упати порака до судиите кои не му досудија пенал.

Мегваер беше лут на луѓето во ВАР собата, но и на главниот судија кој не досуди пенал иако според капитенот на Јунајтед имало елементи за најстрога казна.

Дефанзивецот смета дека судиите полека почнувале да не ги гледаат очигледните фаули поради коментари упатени од други тренери, алудирајќи на Јирген Клоп.

– Бев сигурен дека е пенал. Откако луѓето од другите клубови почнаа да зборуваат за нас, немаме добиено ништо, апсолутно ништо.

– Почувствував контакт на рамото, ме влечеше и се сопнав. Минимално, но тоа е пенал. Не разбирам зошто судијата замина до мониторот. Постојат одлуки кои одат против нас, но мора да направиме повеќе за да стигнеме до победа, – изјави Мегваер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести