Home » Мегапопуларен рапер за 1,01 мил. долари го купил прстенот на раперот Тупак

Мегапопуларен рапер за 1,01 мил. долари го купил прстенот на раперот Тупак

by Lina Muslija

Кралскиот прстен кој мегапопуларниот починат рапер Тупак Шакур сам го дизајнирал, а кој раперот го носеше за време на неговиот последен ТВ настап на МТВ видео музичките награди во 1996 година, пред да биде застрелан и убиен во Лас Вегас, беше продаден на аукција оваа недела за 1,01 милиони долари. Купец на златниот прстен е колега на Тупчак, популарниот Дрејк.

Раперот, наводно, се открил како купец на прстенот, откако на промоцијата на својата нова песна „Meltdown“ во која настапува Тревис Скот, се појавил со престенот на рака. Инаку славниот прстен има круна обложена со злато, рубини и дијаманти.

Тупак го дизајнирал прстенот за време на креативниот период. Раперот потоа се повеќе се фокусирал на програмите за млади, почнал да глуми и да развива свои проекти.Но, во тој креативен период 25 годишниот Тупак беше убиен во пукање во автомобил, напиша, „The Huffington Post“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More