20 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Меган Маркл со изборот на фустан го прекрши кралскиот начин на облекување

Најчитани вести

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл повторно ги прекрши кралските правила на облекување, овојпат на крштевката на својот син Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор.

Имено, таа за оваа пригода облече бел фустан со потписот на модната куќа Диор. И, додека самиот нејзин изглед се чинеше дека се совпаѓа со кралскиот начин на облекување, како што коментираат британските медиуми, она што не беше в ред, е изборот на дизајнер.

Имено, членките на кралското семејство традиционално бираат облека од британски дизајнери, а Диор е француска модна куќа. Кејт Мидлтон, на пример, на крштевката на секое свое дете носеше фустани со потпис на брендот Александер Мекквин.

Но, покрај Меган, и Кејт прекршила едно застарено, но сепак – модно правило, кога, со еден детаљ во тоалетата ѝ оддаде почест на покојната принцеза Дијана.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести