0 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Меган Маркл дизајнира модна колекција

Најчитани вести

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, ќе дизајнира своја модна колекција во соработка со дизајнерката Миша Нона и со британските компании „Маркс енд Спенсер“, „Џон Луис енд партнерс“ и „Џигсо“. Колекцијата работна облека ја дизајнира во хуманитарни цели, како поддршка на организација „Смарт воркс“, што им помага на невработените жени кои бараат работа.

Според текст во септемвриското издание на британски „Вог“, таа колекција ќе се продава по принципот „еден за еден модел“, односно за секое купено парче облека, друго ќе биде донирано во хуманитарни цели.

„Смарт воркс“, како организација обезбедува опрема, облека и обука за жените кои бараат вработување, а не можат да си дозволат пристојна облека за интервјуто за работа. Досега, на овој начин организацијата им помогнала над 11.000 Британки.Текстот Меган Маркл дизајнира модна колекција е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести