19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

МЕГАЛУКСУЗНИОТ ИМОТ НА ЛИОНЕЛ МЕСИ: Ја купил соседната вила и околните имоти и ги претворил во свој мал град

Најчитани вести

Мегалуксузниот имот на Меси се наоѓа во Кастелдефелс, 25 километри западно од Барселона

Според многумина, тој и понатаму е најдобриот фудбалер на светот, одличниот Аргентинец Лионел Меси, како дете од сиромаштијата на Росарио и сè што носи овој аргентински град, тој се претвори во еден од најбогатите спортисти на Светот.

Богат живот

Тој најпрво купил куќа и големо парче земја за 1,8 милиони евра во Кастелдефелс, 25 километри западно од Барселона, а потоа купил и друго земјиште. Едно со вила, и направил вистински мал град со неколку објекти и спортски содржини.

На падините на Кастелдефелс, никна таков мега-луксузен имот што го немаат многу спортисти, тој е во рангот на Мајкл Џордан или Тајгер Вудс.

Според Virtual.Globetrotting Лионел Меси, фудбалерот на ФК Барселона живее на овој голем имот во Барселона во медитерански стил, каков и го обработува. Тој му купи на своето семејство мир и луксуз, што, се разбира, секој од нас би го сторил исотото. Добро, можеби не толку гламурозно, но секако добро. Подолу можете да ја видите мапа од Google за мегалуксузниот имот на Лионел и Антонела

Ја купил и соседната вила

Така, Меси го продолжи својот дом откако ја купи соседната вила. Теренот вклучува мало фудбалско игралиште, каде што ужива заедно со неговите синови и пријатели. Меси, кој исто така игра за репрезентацијата на Аргентина, честопати важи за најдобар играч во Светот, а многумина го сметаат за најдобар на сите времиња во овој спорт. Интернационалната икона, Меси е познат низ целиот Свет по својата неверојатна фудбалска вештина. Пример за врвен атлетизам, тој достигна небесни височини и заработи многу. Кога станува збор за него, парите едноставно протекуваат сами од себе, некои преку реклами, некои преку клубот

Живее во Беламар

Меси живее во мала област наречена Беламар, престижно и скапо предградие на Кастелдефелс во Барселона. Куќите во областа обично се продаваат за околу 4,5 милиони фунти, но најдобрите куќи обично одат за многу повеќе. Од развојот на областа, благодарение на фудбалерите како Меси, таа е преценета и стана една од најексклузивните населби во Каталонија.

Оваа урбанизација е оддалечена само 20 километри од фудбалскиот стадион „Camp Nou“ и има лесен пристап до Сиутат Еспортиво, каде што тренираат играчите. Беламар им нуди на sвездите луксуз, ексклузивност и дискреција што жителите ги бараат и се наоѓа на само 16 милји од центарот на Барселона, обезбедувајќи им го најдоброто од двата света.

Мегакомплекс

Во 2009 година, Аргентинецот купил стара куќа за 1,8 милиони евра, која прерасна во мега-комплекс за кој пишуваат каталонските и другите шпански и светски медиуми. Тој потрошил повеќе од 6 милиони евра за нејзина реконструкција. Сега куќата на Меси е комплекс вреден неколку милиони долари и има свое фудбалско игралиште. Со поглед на прекрасните ридови од Каталонија и медитеранскиот брег, куќата има огромна тераса на отворено и големи панорамски прозорци за сончање. Куќата има и теретана. Вистинска суперѕвезда од светска класа, со прецизни вештини.

Помеѓу јуни 2017 и јуни 2018 година, Лионел заработи 111 милиони долари

Лионел Меси е најплатениот фудбалер, а во 2020 година беше и најплатен спортист, според Fobresa. Според неговиот претходен договор, основната плата беше 44,68 милиони американски долари. Во 2017 година тој потпиша нов договор со Барселона, и плаќа неверојатни 80 милиони долари. Меси заработува околу 40 милиони долари без бонуси, вклучувајќи го и доживотниот договор со Адидас. Помеѓу јуни 2017 и јуни 2018 година, Лионел заработи 111 милиони долари. Помеѓу јуни 2018 и јуни 2019 година тој заработи неверојатни 130 милиони долари.

Лионел ги освои Златната копачка и Златната топка. Настапи со голем успех и на Светските првенства и на Олимписките игри, и на многу други големи натпреварувања, финалиња… За време на неговата фудбалска кариера има освоено многу награди и почести, ги покажа своите неверојатни способности. За време на својата неверојатна кариера, Лионел Меси заработи неверојатна нето вредност од 400 милиони долари.

За 16 години во Барселона освои 34 трофеи

За 16 години во Барселона има освоено 34 трофеи и важи за најдобар фудбалер на сите времиња, заработил милијарда долари пред оданочување во текот на неговата кариера.

Втор на листата на најплатени фудбалери во светот е неговиот вечен ривал Кристијано Роналдо со 117 милиони, додека трет е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе со 96 милиони долари. Истите играчи беа во истите позиции во 2020 година како и во 2019 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести