-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Мевљан Мурати: Сите во Шкендија веруваме во победа!

Најчитани вести

Вечерва во 20 часот екипата на Шкендија го игра реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Ривал е шампионот на Словенија, составот на Мура кој на првиот меч во Скопје одигра одлично и успеа да победи со 1:0. Тоа значи дека тетовци ако сакаат пласман понатаму, ќе мораат да слават победа.

За тоа што може да се очекува од нашиот првак, свој коментар за клупскиот сајт на Шкендија даде Мевљан Мурати, офанзивниот бек на тимот на стратегот Ернест Ѓока.

“Имаме позитивна атмосфера и максимално сме подготвени за реваншот. На првиот меч направивме неколку грешки, тоа не смееме да го повториме. Свесни сме за важноста на овој натпревар. Повеќе од сигурни сме дека ќе го дадеме својот максимум за да на крајот оствариме резултат кој ќе биде во наша корист. Сите ние во Шкендија веруваме во победа, се разбира само треба и реализацијата да биде на потребното ниво“ истакна еден од клучните играчи на Шкендија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести