Home » МВР: 173 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење

МВР: 173 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење

by Журнал.мк

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 18 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитува сообраќајните правила и прописи за да зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More