33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа во која загинаа двајца охриѓани

Најчитани вести

Познат е идентитетот на двете лица кои загинаа вчера во тешката сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „мерцедес“ и камион што се случи на патот Ресен-Битола.

На лице место починале возачот и сопатникот на автомобилот, и двајцата од Охрид.

Станува збор за лица на 36 и 34-годишна возраст со иницијали Д.К. и Ј.Ќ., соопштија од полицијата.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Камионот бил со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(33) од селото Ваташа, кавадаречко.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести