9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

МВР СО ДЕАЛИ ЗА СТРАШНАТА СООБРАЌАЈКА КАЈ УСЈЕ: Има две жртви и малолетни повредени лица

Најчитани вести

МВР само што излезе со детали за страшната сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Скопје во близина на цементарницата УСЈЕ.

-На 08.06.2021 околу 23.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(50) од Студеничани, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило „Фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(30) од с.Студеничани, патничко возило „хјундаи аксент“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје. Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С.. Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б.. По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Увид на место извршила екипа на СВР Скопје, велат од МВР за Фактор.

Инаку, од фотографиите кои ги објави Курир.мк се забележува дека во трагедијата учествувале дури пет возила.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com