4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на изборниот процес

Најчитани вести

Од досега пријавените случаи, МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на изборниот процес и на јавниот ред и мир во текот на гласањето. До 19 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани и тоа за 40 посто, во споредба со изборите во јули 2020 година. Така, годинава се пријавени 91 настан, за разлика од претходните избори кога беа пријавени 151 настани, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција по завршување на гласањето на Локалните избори 2021.

Денешниот изборен ден Спасовски го оцени како мирен и ден во кој се пријавени помалку настани во споредба со претходните избори, и им се заблагодари и на сите припадници на МВР кои, како што рече, одговорно ги вршеа своите работни задачи.

-Можам со задоволство да констатирам дека имавме изборен ден со незначителен број на неправилности, без сериозно нарушување на јавниот ред и мир, рече Спасовски.

Инаку, во текот на денешниот ден досега беа пријавени 42 случаи на агитирање, како најчеста појава овој изборен ден, од кои седум се отфрлени како неосновани, а по останатите се постапува, но и во овој сегмент повторно бележиме намалување од околу 40 проценти за разлика од 75-те пријавени случаи на агитирање на минатогодишните избори. Евидентирани се 13 пријави за изборен поткуп, од кои пет отфрлени како неосновани, 7 за упатување закани или вознемирување гласачи, 6 случаи за фотографирано гласачко ливче, 3 за излепен пропаганден материјал, по два настана за нарушување на јавен ред и мир, за снимање на просторија на гласачки места, за фотографирање гласачи, два за уништување гласачки материјал, по еден за фрлени гласачки ливчиња, гласање од страна на Ковид позитивно лице, попречување гласање, како и една кривична пријава за настан случен за време на молкот. Ова се покарактеристичните настани во текот на овој изборен ден, пријавени досега, изјави Спасовски.

Како што рече, најголемиот број пријавени настани се на подрачјето на СВР Скопје-22, СВР Штип-19, СВР Куманово -16, СВР Битола -14, СВР Тетово – 8, СВР Велес-5, СВР Охрид-3, СВР Струмица-3 и едно известување од Секторот за компјутерски криминал, а се однесува за подрачје на СВР Скопје. Пријавени се 7 случаи во кои се инволвирани полициски службеници, од кои 6 се проверени и од нив само две се основани, а се во врска со агитирање при вршење службени дејства, а еден е во фаза на расчистување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com