9 C
Skopje
Tuesday, April 20, 2021

МВР нема опрема за 24 часовен надзор на Мијалков

Најчитани вести

Сашо Мијалков требаше да биде под 24 часовен аудио и видео надзор, така одлучи Кривичен суд, но за тоа МВР нема таква опрема, објави Телма.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштува дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено Решение за определена мерка куќен притвор. Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот“, се велеше во вчерашното соопштение од одделението за гонење на организиран криминал и корупција.

Како што објави денеска Телма, Министерството за внатрешни работи немало таква опрема за 24 часовно следење со аудио и видео.

Oва е новина во законот која никој до сега не ја применил а според извори на Телма во судот ова е прв ваков случај што се применува токму за Мијалков.

Наместо тоа МВР распоредиле голем број на полицајци околу куќата, па тие ќе го заменат видео надзорот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести