Во рамки на засилена акциска контрола што полицијата ја спроведе на територијата на Република Македонија санкционирани се 549 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од нив, како што соопшти МВР, 26 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 330 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 219 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.