Вандализмот отсликан преку однесувањето на учениците низ видеата кои беа споделени по социјалните мрежи ги прикажува слабостите на образовнит систем кој не успева да превенира долги години.
Дивеењето на учениците е само еден од моментите кој алармира дека во образованието се потребни сериозни системски реформи, вели психологот Ана Попризова, особено во едукацијата на учениците кои се сеприсутни на социјалните мрежи а никој не им кажал дека тоа е кривично дело, од друга страна родителите скоро и да не водат сметка за своите деца, а од трета страна и самите наставници не можат да се справат со вандализмот кој преовладува бидејќи во самото образование не постои едукација на учениците.
За ваквото дивеење на учениците од министерството за образование велат дека го имало и ќе го има, но дека истото треба да се намали. За таа цел од ресорното министерство го повикаа државниот инспекторат и училиштата да поведат постапки за однесување на учениците.
Додека голем дел од психолозите, педагозите и социолозите алармираат на итност за справување со законските пропусти како и поголема ажурност на МВР во делот на расветлување на ваквите случаи, од МВР велат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапува по случајот.
И додека се расветлува случајот, експертите со кои комунициравме се на ставот дека изместените морални и етички вредности се само дел од причините поради кои денешните ученици се однесуваат така како општеството им налага, за превенција потребно е заеднички, семејството образованието и институциите да превенираат бидејќи педагошките мерки можат само да ги поттикнат на дополнителен револт, и бараат од институциите да ја сфатат сериозноста од ваквото однесување на идните академски граѓани.