-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

МВР: Во Прифатниот центар во Гази Баба нема да се сместуваат бегалците од Авганистан

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од одредени портали дека Прифатниот центар во Гази Баба ќе се користи за сместување на бегалците од Авганистан, и дека министерот Спасовски тоа го потврдил. Тоа е апсолутно лажна вест, велат од МВР.

„Користениот статус на министерот Спасовски е во контекст на вчера објавената тема на Македонската информативна агенција- МИА во врска со новиот објект на Прифатниот центар за странци, кој по препораките на бројни меѓународни организации задолжени за заштита на човековите права и од Народниот правобранител како Национален превентивен механизам, поради субстандардните услови, треба да се дислоцира од Гази Баба на неколку километри од Бардовци.

МВР скоро секојдневно ја објавува точната и прецизна информација дека Прифатниот центар за странци, кој функционира непрекинато цели 20 години, нема и нема да има никаква врска со мигранти, како што одредени медиуми сакаат ја дезинформираат јавноста, пласирајќи лажни вести.

Центарот за странци е формиран и функционира согласно Законот за странци и наменет е за привремено задржување на странци кои не можат да се отстранат од територијата на државата во рок од 24 часа, од кои било причини, па се сместуваат во него во период од неколку дена, додека да се создадат услови да биде отстранет од државата. Најчесто станува збор за сезонски работници на кои им истекла дозволата за работа/престој, забавувачи во угостителските објекти без пријавен престој во државата, лица кои се затекнале тука без документ за идентификација и сл“, додаваат оттаму.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com