36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Мбапе сруши рекорд на Меси

Најчитани вести

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе го собори рекордот на фудбалерот на Барселона, Лионел Меси во Лигата на шампионите.

Дваесет и двегодишниот Французин синоќа постигна гол во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите со Барселона (1:1). Тој стана најмладиот играч во историјата на елитното фудбалско натпреварување со 25 голови на турнирот. Мбапе до ова достигнување дојде на возраст од 22 години и 80 дена.

Претходниот рекорд беше на Меси. Тој по 25-ти пат во листата на стрелците во ЛШ се запиша кога имаше 22 години и 286 дена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести