7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Мбапе не сакал нов договор со ПСЖ

Најчитани вести

Килијан Мбапе немал намера да потпишува нов договор со Пари Сен Жермен бидејќи имал намера да се пресели во Реал Мадрид.

„Марка“ пишува дека договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во 2022 година, но дека тој одбил да преговара со челниците околу продолжувањето на соработката.

Мбапе на последните два натпревари на ПСЖ во првенството, против Нант и Монпелје, беше заменет. Во двата случаи тој му покажал на тренерот Томас Тухел дека не се согласува со неговата одлука.

Медиумите таквите негови реакции ги протолкуваа како знак дека ќе побара да го напушти клубот.

Реал Мадрид не ја кријат заинтересираноста за Мбапе. Некои медиуми шпекулираат дека „кралскиот клуб“ за неговиот трансфер ќе понуди околу 300 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com