17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Мбапе: Има шанси и да останам во ПСЖ

Најчитани вести

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе не ја отфрли можноста за останување во францускиот клуб и покрај тоа што многумина мислат дека тој веќе има договор со Реал Мадрид.

Се вели дека Мбепе има договор со Реал Мадрид и по крајот на сезоната тој ќе се пресели во шпанскиот гигант. Но по вчерашниот натпревар на ПСЖ во кој тој даде два гола, Мбапе зборуваше на прашања поврзани со неговата иднина.

„Уште не сум донел одлука за иднината и сите го знаат тоа. Размислувам заедно со мојата фамилија“, вели Мбапе.

„Има нови елементи и многу параметри да се разгледаат пред да се одлучи. Кога ќе ја донесам одлуката, ќе ја соопштам, се разбира“.

„Не сакам да направам било каква грешка. Се обидувам да донесам вистинска одлука за мојата иднина“.

„Дали е можно да останам во ПСЖ? Да, се разбира дека е можно“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com