26.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Мајмуни во две зоолошки во Чешка комуницираат преку „Зум“

Најчитани вести

Слично како и луѓето периодов, така и шимпанзата во две чешки зоолошки градини сѐ почесто се забавуваат со новиот начин на видеокомуникација во живо на интернет, наречен „Зум“.

Поради недостатокот посетители, и затворањето на знаменитостите поради пандемијата на коронавирусот, шимпанзата во Сафари паркот во месноста Двур Кралове и во Зоолошката градина во Брно може да се гледаат секој ден во живо на видеобим. Мајмунчињата, меѓу другото, исто така покажале и поинакво, „почовечко“ однесување кога јаделе, на пр., додека се гледаат на екраните.

– Отпрвин, нивниот пристап кон екранот беше одбранбен и заканувачки, па тие не комуницираа така добро со него. Но, полека, го прифатија стилот „Јас сум во филм“ и „Гледам телевизија“, вели Габриела Линхартова – одговорна за установата во Двур Кралове, 135 километри источно од Прага.

Видеоврските, кои се емитуваат и на интернет-страницата „Сафари парк“, одат секој ден од 8 до 16 часот, сѐ до крајот на март, кога одговорните ќе одлучуваат дали ќе продолжат со тоа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести