-1.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Мајк Помпео доаѓа во Македонија

Најчитани вести

Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела патува за Ватикан, Црна Гора, Северна Македонија и Грција, објави Стејт департментот.

Во Северна Македонија Помпео ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и  премиерот Зоран Заев. Во Охрид ќе го посети манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“.

Од Северна Македонија заминува за Атина, Грција, каде ќе се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис и шефот на дипломатијата Никос Дендиас.

Помпео оди и во Италија каде ќе се сретне со Папата Францис и ќе учествува на меѓуверски симпозиум организиран од Ватикан. Во Рим ќе има средби со претседателот Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте и министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

Во Црна Гора ќе има средби со претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ и министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com