0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Мајкл К. Вилијамс, наводно, починал од предозирање со хероин

Најчитани вести

Актерот Мајкл К. Вилијамс, ѕвездата на Wire („Жица“), беше пронајден мртов во неговиот пентхаус во Бруклин, Њујорк, во понеделникот попладне, кога неговиот внук отиде да провери што се случува со него бидејќи никој го немал видено неколку дена.

Веднаш штом го видел легнат на подот со главата надолу, внукот на 54-годишниот актер кренал узбуна, а вратарот веднаш повикал брза помош. Лекарите набрзо стигнале на местото на настанот. Вилијамс бил прогласен за мртов во 14:00 часот, според весникот „Њујорк пост“.

Причината за смртта на Мајкл сè уште не е позната, но се тврди дека хероин бил пронајден на неговата кујнска маса, како и прибор за дрога на друго место во станот.

Полициски извор за весникот изјави: „Немало насилно влегување или неред во станот”.

Сепак, Стејси Дупон – сопруга на внукот кој го пронајде телото на Мајкл – не верува дека смртта на актерот е поврзана со дрога.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com