2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Мајката на Пино: Зошто да трошиме пари на судење, сама призна- го убиле и го оставиле животни да го јадат

Најчитани вести

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето дете го закопав во кутија од 58 сантиметри, на 27-28 сантиметри широчина. Тоа не е тело, тоа се коски, ова го изјави мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, пренесува „Макфакс“.

Мајката изреволтирана од одлагањето на денешното судење, рече дека и’ е срам што е Македонка и што шест месеци додека обвинетата седела дома, таа одела и плачела по улици.

Мајката на Пино кажа дека е свесна оти што и да се случи нејзиното дете нема да се врати.

Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино, поради тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време за увид во доказите.

Убиството на Пино се случи на 11 декември 2018 година. Кобната вечер обвинетата Ангела го намамила Пино да дојде кај насипот во населбата Ѓорче Петров.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com