Home » Мајката на „грешникот“ Рубиалес се заклучи во црква и почна штрајк со глад

Мајката на „грешникот“ Рубиалес се заклучи во црква и почна штрајк со глад

by Lina Muslija

Скандалот со бакнежот на претседателот на федерацијата Луис Рубиалес со шпанската фудбалерка Џени Ермосо доби нова димензија откако мајката на Рубиалес, Анџелес Бахар, се затворила во црква во родното место и почнала штрајк со глад.

Таа порачала дека нејзиниот син и целото семејтво со ништо не го заслужиле ужасот низ кој минуваат. Бахар е подготвена штрајкот со глад да трае со денови, се додека правдата не биде задоволена. Воедна, таа испратила порака до Ермосо да не ја искривува вистината туку да признае што навистина се случило.

Рубиалес јасно стави до знаење дека нема намера да си поднесе оставка иако тоа го сторија дел од неговите најблиски соработници, како и целокупниот стручен штаб на женската репрезентација со исклучок на селекторот. ФИФА му изрече привремена суспензија на Шпанецот додека трае истрагата за целиот скандал, а се врши притисок врз УЕФА да се приклучи на санкциите, но проблем претставува фактот дека Рубиалес е потпретсседател на европската куќа на фудбалот и важи за „десна рака“ на Александар Чеферин.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More