9 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Мацари: Не смее да се прават грешки против екипа која може да плати 40 милиони евра за играч

Најчитани вести

Тренерот на Торино, Валтер Мацари е разочаран од играта на своите избраници на дуелот со Вулверхемптон во плеј-офот во фудбалската Лига на Европа. Италијанците во првиот меч на домашен терен загубија со 3:2.

– Направивме голем број грешки во одбраната, кои обично не ги правиме. И резултатот е многу лош. Не заслуживме пораз. Но, тоа е така кога се правата грешки против тим кој е во состојба да плати 40 милиони евра за играч. Противникот има големи финансиски ресурси и висококвалитетен персонал, истакна Мацари.

Реваншот на теренот на противникот е закажан за 29 август.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести