Во Бјелина, во БиХ, вечерва е уапсен Марко Пјановиќ од Брчко, кој е поврзан со убиството на Ранко Радошевиќ со прекар „Ескобар“ во Белград. Зад смртта на Радошевиќ стојат членови на криминалната група „Врачарци“.
Пјановиќ неколкупати се сретнал со „Ескобар“, наводно за да договори набавка на блиндиран автомобил за пријател. Како што пренесува „Новости“, целата екипа која била уапсена била ангажирана од извесен Л.П. кој е во бегство.
ЛП се сомнева дека налогот го добил од Никола Вушовиќ Џони, по кого исто така е распишана и потерница. Се истражува кој е главниот нарачател на убиството.
Постојат две верзии за тоа кој е главниот. Има две имиња на мафијашки челници поврзани во криминалните активности. Еден од нив барал и платил за главата на Радошевиќ.