23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Матурантите ќе ја бојкотираат наставата до утре, како ќе се надоместуваат изгубените часови?

Најчитани вести

Матурантите ќе ја бојкотираат наставата до утре, а дали ќе продолжат со бојкотот и следната недела ќе одлучува викендов Сојузот на средношколци.

Се уште не знаат како ќе ги надополнат пропуштените часови, иако најверојатно ќе треба да ги одработуваат саботите, вели за ТВ 24, претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи.

Од МОН велат дека часовите треба да се реализираат според дополнително утврден распоред на училиштето.

– Наставникот ја реализира наставата според наставниот план и програмата. Според Законот, тој истовремено  води евиденција за содржината на часот и отсутните ученици. Податоците се бележат во Дневникот за работа на паралелката. – велат од МОН.

Притисоците пак врз учениците од четврта година кои бокјотираат не стивнуваат, односот професор-ученик се претвори во закана-жртва- вели Ходаи.

Матурантите продолжија со бојкот и денеска во над 20 градови во земјава, иако велат дека процентот е намален поради заканите. Доставено е барање и до пратениците за да се одржи јавна дебата во собранието за барањата на матурантите, наместо четири да се полагаат два предмети на матурскиот испит, односно задолжителен мајчин јазик и еден предмет по избор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести