23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Најчитани вести

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит.

Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите математика и странски јазик, додека за уметничките училишта странски јазик е во алтернација со филозофија и естетика.

Според податоците на Државниот испитен центар, тест по математика избрале 1529 кандидати. Најголем број ученици, 13.452, се пријавиле за англиски јазик, германски ќе полагаат 140 матуранти, француски јазик 32 и руски јазик 18.

Претходно во саботата, матурантите го полагаа првиот екстерен испит – мајчин јазик, што беше задолжителен за сите 15.294 пријавени матуранти. Од нив, македонски јазик и литература полагаа 10.848 ученици, албански јазик и литература 4078, и турски јазик и литература 272.

Од вкупно пријавените над 15.000 кандидати, 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование.

Резултатите од испите ќе бидат објавени на почетокот на јули.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести