20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Матураните од СУГС „Браќа Миладиновци“ од Скопје не се вакцинираа против тетанус, од МЗ велат има доволно вакцини во сите пунктови

Најчитани вести

Матураните од СУГС „Браќа Миладиновци“ во Скопје, во населбата Драчево оваа година не се вакцинирале против тетанус, па родителите морале приватно да организируаат имунизација на децата.

Според календарот за имунизација на населението, вакцинација против тетанус е задолжителна вакцина за деца кои ќе наполнат 18 години, односно во III-IV година средно, како што стои во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Според програмата за задолжителна имунизација на населението во Македонија вакцинација против тетанус се врши:

⎯ На сите лица од навршена 14-годишна возраст до навршена 18-годишна возраст, ако дотогаш не биле вакцинирани против тетанус или ако нема докази за вакцинирање, со давање на три дози вакцина против тетанус – тетанусен токсоид (ТТ вакцина), на растојание утврдено со Правилникот.

Ревакцинација против тетанус се врши:
⎯ На сите лица на 18-годишна возраст, односно во завршната година на средното бразование, ако дотогаш биле уредно вакцинирани и ревакцинирани против тетанус, согласно Календарот за имунизација.
⎯ На сите лица од 14-годишна возраст до 18-годишна возраст, кои во 2018 година прв пат биле вакцинирани против тетанус, ако од вакцинирањето поминала една година.

Загрижен родител на матурант од СУГС „Браќа Миладиновци“ за „Република“ вели дека и покрај барањата на учениците, од училиштето добиле одговор дека не се информирни и не знаат кога ќе се имунизираат.

Голем Дел Од Децата Веќе Имаа Наполнето И 19 Години И Како Што Наближуваше Крајот На Учебната Година, На Неколку Наврати Го Прашуваа Класниот Раководител И Директорката, А Подоцна Праќаа И Писмени Молби И Барања, Но Добиваа Одговор Дека Од Училиштето „Не Се Инфомирани” И Дека Не Знаат Кога Ќе Се Организира Вакцинација На Целата Генерација Која Матурираше Во Учебната 2021/2022. На Последната Родителска Средба Прашувавме Дали Ќе Се Организира Воопшто Вакцинација, Но Од Училиштето Вината Ја Префрлаа Кај Локалната Поликлиника Во Драчево И Дека Нивна Е Одговорноста Да Снабдат Вакцини И Да Закажат Вакцинација, Вели Родителот За „Република“.

Од Министерството за здравство за „Република“ изјавија дека во моментов сите вакцинални пунктови располагаат со доволни количини вакцини против тетанус.

Динамиката На Вакцинација Се Утврдува Согласно План Направен Од Страна На Соодветниот Вакцинален Пункт И Истата Во Моментов Се Спроведува Тековно, Велат Од МЗ.

Родителот за „Република“ раскажува дека во разговор со деца и родители на деца од истата генерација кои учат во други училишта бил информиран дека сите тие во текот на учебната година беа пратени на вакцинација од нивните училишта во амбулантите во нивната општина.

Учебната Година Заврши И Децата Си Ги Земаа Свидетелствата И Останаа Невакцинирани За Тетанус. За Моето Дете, Јас Приватно Си Организирав Вакцинација, А Дополнително Загрижувачки Е Тоа Што Дел Од Останатите Родители И Самите Наставници Настапуваа Лежерно, Со Образложение Дека Вакцината За Ковид Не Спречувала Разболување, Па Зошто Толку Да Се Дига Галама За Тетанус, Додава Револтираниот Родител.

Родителот е загрижен за “функционирањето” на системот.

Доколку Вака Продолжиме, Децата Ќе Ни Бидат Незаштитени И Секој Ќе Треба Зависно Од Својата Свест И Едукација Да Се Снаоѓа Сам. Одговорност Мора Да Постои, Посебно За Дела Кои Се Опишани Во Законот За Здравствена Заштита, Додава Родителот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com