14 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Матс Хумелс повторно е „милионер“

Најчитани вести

Борусија Дортмунд потврдија дека дефанзивецот Матс Хумелс се враќа во нивниот клуб од Баерн Минхен во договор вреден околу 38 милиони евра.

Хумелс си замина од „Сигнал Идуна парк“ во 2016 година, откако помина осум години во Дортмунд и се промовираше во еден од најдобрите централни бекови во модерниот фудбал.

Со Баерн тој освои уште три титули од Бундеслигата, но германските медиуми тврдеа дека 30-годишниот Хумелс не се чувствувал доволно ценет на „Алијанц арената“. Покрај тоа, Баерн веќе се засилија со Бенжамин Павар и Лукас Ернандез, со што местото на Хумелс во стартиот тим не е гарантирано.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести