4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Матс Густафсон со соло-рецитал на саксофони го отвора „Скопскиот џез-фестивал“

Најчитани вести

Најновото 40. издание на „Скопскиот џез-фестивал“ ќе започне вечерва, во 20 часот, во Националната опера и балет, со настапот на суперхеројот на скандинавската џез-сцена Матс Густафсон, кој ќе има со свој соло-рецитал на саксофони. Од САД доаѓа квартетот на новата голема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О, како и култната музичарка, поетеса, активистка и ем-си Мур Мадер, во придружба на легендарниот перкусионист од „Арт ансамбл оф Чикаго“, Дуду Којате и Матс Густафсон.
Годинава на фестивалската програма се најавуваат 11 изведувачки имиња од САД, Куба, Европа и Северна Македонија, кои ќе одржат концерти во живо во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар.
Од Данска, САД и Шпанија ќе гостува квартетот на гитаристот Јакоб Бро, од Португалија многубројниот лисабонскиот андерграунд-музички ансамбл Л.У.М.Е., од Грција триото на исклучителната џез-пијанистка Тања Џанули, а од Австрија експлозивните Шејк Сту. На јубилејното издание на „Скопскиот џез-фестивал“ е најавен настап и на музичкиот проект „Ну мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов.
Концертот на славниот кубански пијанист Роберто Фонсека и неговото трио ќе го заокружи фестивалот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com