Home » Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за хронични болести

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за хронични болести

by Журнал.мк

Матичните лекари добиваат поголема одговорност. Наместо специјалистите, отсега тие ќе препишуваат терапија за хронично боните, а и дополнително ќе прават дијагноза и детекција. Ова е првата од низата реформи кои треба да ја трансформираат примарната здравствена заштита. Целта, според министерот Меџити е граѓаните да добиваат услуги во својот град, а не да патуваат на клиника во Скопје. Ова треба да го растовари и „Мој Термин“.

Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде предводник на тимот што ќе ги спроведува реформите. Тој вели дека матичните ќе добијат упатства и протоколи по кои ќе треба да постапуваат при третман, скрининг и лекување на ХОББ, астма, висок крвен притисок, дијабетес, хипотиреоза. Се планира во „Мој Термин“ да има посебен модул што ќе покажува кој пациент со хронично заболување е лошо третиран, а кој е во ризик.

Мехмедовиќ најави дека упатства за работа ќе добијат и педијатрите и гинеколозите. Реформата треба да заврши до 2025-та година, а се спроведува во соработка Светската здравствена организација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More