Лотар Матеус прогнозира дека ќе се вратат позитивни ветришта во Баерн Минхен и дека тимот лесно ќе ја одбрани титулата во Бундеслигата, но коментираше дека очекува и многу повеќе од Томас Тухел кој го презема разнишаниот тим на крајот од минатата сезона.
Легендата на Баерн вели дека нема доволно материјал за да се оценува работата на Тухел во Баерн, но сепак признава дека очекувал многу поинаков пристап и однесување од оние кои ги прикажа во првите месеци.
– Тухел мора да остане свој, да биде автентичен како и досега во кариерата, да верува во тоа што го прави. Не го познавам баш добро, но го замислував доста поинаку.
– Очекував да биде поинаков, очекував да биде погласен и погруб кон играчи. На моменти се однесуваше премногу мило со фудбалерите на крајот од сезоната.
– Тоа сигурно ќе се промени во еден момент, бидејќи сега неговата позиција ќе биде доста поинаква. Веќе е целосно интегриран во клубот и носи важни одлуки за составувањето на тимот, па така одговорноста ќе биде само негова, – вели Матеус.