0 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Матео Ковачиќ останува на „Стемфорд Бриџ“

Најчитани вести

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Матео Ковачиќ останува во Челзи. Веста за негово задржување ја потврдија од „Стемфорд Бриџ“, откако раководството на „сините“ постигна согласност со Реал Мадрид и го врза со договор на пет сезони. Вредноста на трансферот се проценува на 45 милиони евра.

Ковачиќ во изминатата сезона настапуваше за премиерлигашот како позајмен играч од „кралскиот“ клуб, забележа 51 настап во сите натпреварувања и имаше голем придонес во осовјување на трофејот во Лига Европа по победата во финалето над Арсенал, во Баку, со 4:1.

Почетоците на сениорската кариера на Ковачиќ се поврзани со Динамо Загреб од каде во 2013 година се пресели во Интер, а од таму во 2015 година и во Реал Мадрид.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести