23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Мас и Вархеји разговарале за преговорите со Северна Македонија и Албанија

Најчитани вести

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на Твитер соопшти дека се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија и дека разговарале за пристапниот процес со Скопје и Тирана.

-Добра дискусија со МНР Хајко Мас денес. Разменивме мислења за западниот Балкан и потребата да се оди напред со процесот на проширување на ЕУ, вклучително преку отворање на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно побргу, напиша Вархеји на Твитер.

Вархеји и Мас разговарале и за поддршката на ЕУ на западен Балкан во борбата против пандемијата од Ковид-19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести