-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Масовни силувања на жени и девојчиња за време на борбите во Тиграј

Најчитани вести

Амнести интернешнл во својот последен извештај, објавен денеска, наведува дека за време на конфликтот во етиопската област Тиграј систематското насилство врз жените и децата било екстремно распространето, при што стотици жени и девојки биле изложени на силување и осакатување.

Припадниците на армијата на Етиопија, полицијата во Еритреја, специјалните полициски паравоени сили во регионот Амхара и полицијата на Амхарик Фано користеле сурово сексуално насилство како оружје во воените конфликти, се наведува во извештајот составен по интервјуа со 63 жртви.

Жените и девојчињата биле жртви на индивидуално и групно силување, сексуално ропство, генитално осакатување и други форми на тортура. Жртвите постојано биле понижувани и во некои случаи биле силувани пред членовите на нивните семејства.

Според извештајот на Амнести интернешнл, здравствените центри во Тигреј регистрирале 1.288 случаи на насилство врз жени само во периодот од февруари до април 2021 година, а лекарите проценуваат дека многу жртви и не доаѓале да побараат помош.

-Јасно е дека силувањето и сексуалното насилство се користеа како оружје за да предизвикаат трајна физичка и психолошка штета врз жените и девојчињата во Тиграј. Стотици од нив беа подложени на брутален третман со цел да ги понижат и дехуманизираат, изјави главната секретарка на Амнести, Агнес Каламард.

„Со оглед на контекстот, обемот и сериозноста на сексуалното насилство извршено врз жените и девојчиња во Тиграј, овие злосторства може да се сметаат за воени злосторства, а, исто така, може да се сметаат и за злосторства против човештвото“, додаде Каламард.

Етиопските власти почнаа истрага и досега најмалку тројца војници се осудени за силување, а 25 од нив се кривично гонети за „сексуално насилство и силување“.

Борбите во северниот регион Тиграј почнаа во ноември 2020 година, откако премиерот Абиј Ахмед ја испрати федералната армија да се бори против Народниот ослободителен фронт на Тиграј (ТПЛФ), што во оовј регион од Етиопија доминираше повеќе од 25 години, до 2018 година, кога Абиј Ахмед стана премиер.

Во јуни, централната влада изненадувачки прогласи прекин на огнот, но борбите продолжија со драматични последици за локалното население. Според ОН, околу 400.000 луѓе во Тиграј гладуваат, а стотици илјади луѓе избегаа во соседните земји.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com