Home » Масовни протести во Молдавија, полицијата обвини дека група поддржана од Русија заговара немири

Масовни протести во Молдавија, полицијата обвини дека група поддржана од Русија заговара немири

by Журнал.мк

По денешните протести во Молдавија, началникот на полицијата Виорел Чернаутеану изјави дека таен агент се инфилтрирал во група „саботери“, од кои некои биле руски државјани, на кои им биле ветени 10 000 долари за организирање „масовни немири“ за дестабилизација на Молдавија за време на протестите

Полицијата во Молдавија соопшти дека спречила заговор на група поддржана од Русија специјално обучена да предизвикува масовни немири за време на денешниот протест во главниот град Кишињев против новата прозападна влада.

Началникот на полицијата Виорел Чернаутеану изјави дека таен агент се инфилтрирал во група „саботери“, од кои некои биле руски државјани, на кои им биле ветени 10 000 долари за организирање „масовни немири“ за дестабилизација на Молдавија за време на протестите. Тој рече дека се приведени седум лица.

Дополнително, полицијата соопшти дека денеска уапсила 54 демонстранти, од кои 21 малолетник, кои имале „сомнително однесување“ или за кои било утврдено дека носат „забранети предмети“, меѓу кои и нож.

Денешниот протест е еден од неколкуте во последните недели организирани од група која себеси се нарекува „Движење за народот“ и поддржана од молдавската партија Шор, пријателски наклонета кон Русија, која има шест од 101 место во Парламентот.

Демонстрантите бараат владата целосно да ги плати сметките за струја и „да не ја вовлекува земјата во војна“. Тие постојано повикуваа претседателката Маја Санду да поднесе оставка.

Полицијата соопшти дека денеска биле регистрирани четири закани за бомби, вклучително и една на меѓународниот аеродром Кипињев, кои ги нарекоа „тековни мерки за дестабилизација“ во Молдавија, поранешна советска република со население од околу 2,6 милиони жители.

Граничната полиција на Молдавија денеска соопшти дека неделава им забранила влез на 182 странски државјани, вклучително и „можен претставник“ на руската групација Вагнер, приватна воена компанија која се бори во Украина, соседот на Молдавија погоден од војна.

Пред неколку дена американските разузнавачи објавија дека утврдиле дека актери поврзани со руските разузнавачки служби планираат да ги искористат протестите во Молдавија, која е кандидат за членство во Европската Унија од јуни 2022 година, како основа за поттикнување бунт против владата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk